Search

ВМРО-ДПМНЕ: Началникот на штипската полиција кој криумчареше мигранти сѐ уште не е разрешен

СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија. Началникот на штипската полиција сѐ уште е на таа позиција, иако е фатен во криумчарење на мигранти, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавата на владејачката партија дека е забележан напредок во спречувањето на криумчарењето мигранти. 

„Патем останува нејасно за какви и чии статистики говори СДСМ бидејќи во своите соопштенија ниту еднаш не го користи терминот Македонија. Сето ова покажува со каков криминален и однароден картел на власт си имаат работа граѓаните. Тоа мора да престане. Почетокот на крајот на заевизмот ќе бидат претстојните избори кога граѓаните јасно ќе ја казнат оваа криминогена структура“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави