Search

Експлозија во транфостаница на грчкиот остров Крит

Сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови на грчкиот остров Крит, предизвика експлозијата што се случи претпладнево во транфостаница на грчката електродистрибуција во градот Ираклион.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, при експлозијата нема повредени лица.

Според локалните медиуми од островот, Ираклион се соочува со сериозни проблеми, бидејќи целиот град е без електрична енергија, а голем дел од банките, супер маркетите и продавниците се затворени.

Во останатите градови на островот се очекува во следните часови, постепено да се нормализира снабдувањето со струја

Треба да знаете
Последни објави