Search

Грција реагира на изјавата на турскиот министер за одбрана за Егејското Море

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар предизвика контроверзи, тврдејќи дека Егејското Море и Кипар се во територијалните води на Турција.

– Ние го контролираме морето и морското дно…Црно Море, Егејско Море, источен Медитеран, вклучително и Кипар, оцени турскиот министер.

Тој тврди дека овие области се во турската сфера на интерес и оти Турција има одговорност да обезбеди мир и стабилност.

Веднаш реагираше неговиот грчки колега Евангелос Апостолакис, барајќи Анкара да ги повлече бесмислените тврдења кои долеваат масло на билатералните тензии, јави грчкиот весник „Екатимерини”.

– Иако сме во фаза кога се обидуваме да најдеме начин да ги намалиме тензиите…Акар не изненади со нешто сосема ново, со работи кои со вон здравиот памет. Грција се раководи од принципот за почитување на меѓународното право и договори. Кога тие принципи ќе се доведат во прашање, имаме причина за загриженост, потенцира Апостолакис.

Тој порача дека изјавите на Акар треба да се сфатат сериозно, а турските претставници да внимаваат што зборуваат.

Изјавата на Акар доаѓа по вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос на Турција и неговата средба со турскиот колега Мевлут Чавушоглу. Катругалос на средбата рече дека Грција признава дека Турција, исто како и Грција, согласно меѓународното право, има право на експлоатација на Медитеранот.

Треба да знаете
Последни објави