Search

Воен ветеран на 94 години доби диплома за завршено средно

Ветеран од Втората светска војна, Пол Сноу (94) конечно, после 74 години, доби диплома за завршено средно училиште.

Како што објаснува агенцијата АП, Сноу ќе добиел диплома уште пред 74 години, да не се пријавел за воена служба.

Сноу рече дека се чувствувал нервозен поради вниманието што го привлекол на церемонијата што се одржа во четвртокот во средното училиште каде што завршил, но истакнал дека секогаш сакал да си ја добие таа диплома.

Според локлните весници, Сноу, кој потекнува од Вустер, град во сојузната американска држава Масачусетс, се пријавил да служи во американската морнарица во 1943 година, ден пред неговиот 18. роденден. Три години подоцна, тој бил ослободен од должноста.

На 17 јуни 1945 година му била доделанa почесна диплома.

Треба да знаете
Последни објави