Прегазена скопјанка почина во болница

Скопјанка починала во болница откако била прегазена од џип, вчера во населбата Аеродром, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.30 часот на булеварот Јане Сандански, спроти ТЦ „Три Бисери“. Тогаш „тојота ленд крузер “, управуван од И.В.(39) од Скопје, удрил во пешакот Ц.И.(69) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави