Search

Кумановката што беше пријавена за исчезната се врати дома

Триесет и деветгодишната кумановка, со иницијали М.Ј. која беше пријавена за исчезната, вчера самата се вратила дома.

„М.Ј. појаснила дека била во Хрватска во посочениот период“, соопшти МВР.

Случајот со изчезнувањето во полицијата минатата недела го пријави нејзиниот сопруг. Тогаш од СВР Куманово рекоа дека жената имала здравствени проблеми поради што и претходно се оддалечувала од домот, па се враќала.

Треба да знаете
Последни објави