Search

Шефот на новозеландската дипломатија замина во Турција поради изјавата на Ердоган за масакрот

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс отпатува во Турција, за да ги разјасни коментарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со масакрот во Крајстчерч, кој тој го нарече заговор против Анкара.

Ердоган вчера го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна во правосудниот систем и предурпеди дека Турција ќе се погрижи за напаѓачот ако Нов Зеланд пропушти да го стори тоа. Турскиот претседател тврди дека убиецот ѝ се заканил на Турција и лично сакал да ги исфрли Турците од северозападниот дел од земјата, што е територијална европска област. Истанбул, кој е најголем турски град, лежи на два континенти поделени со Босфор.

Премиерката на Нов Зеланд, Ардерн рекла дека Петерс ќе побара од Анкара итно објаснување на таа изјава.

„Нашиот потпретседател на Владата ќе се спротивстави на тие изјави во Турција. Замина таму за да ги разјасни работите очи во очи“ рекла Ардерн.

Треба да знаете
Последни објави