Search

Возачот што ја уценуваше за 150.000 евра сопругата на Панделевски обвинет за изнуда

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за изнуда против поранешниот возач на бизнисменот Цветан Пандлевски. Уценувачот го искористил апсењето на Панделевски поради случајот „Империја“ па се обидел да изнуди 150.000 евра од неговата сопруга.
-Обвинетиот во текот на ноември  и декември 2018 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150.000 евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата, велат од ОЈО.

За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Треба да знаете
Последни објави