Лев сака Германија повторно да почне да победува

Селекторот на националниот тим на Германија, Јоаким Лев, смета дека Бундестимот има потреба од нови добри резултати по последователните неуспеси на Светското првенство во 2018 и Лигата на нациите.

Германците ќе играат против Србија во Волфсбург во среда, а четири дена подоцна ќе се соочат со Холандија во квалификациите за ЕП 2020 во Амстердам.

– Мораме да играме на нов и подобар начин, треба да покажеме поголем ентузијазам, ни треба многу успех и промен, изјави Лев за германските медиуми.

Во октомври, Холандија ја победи Германија со 3:0 во натпревар од Лигата на нациите.

Германскиот селектор ќе бара поголема одговорност од дефанзивецот Никлас Зуле во отсуство на искусните Џером Боатенг и Матс Хаммел, кои веќе нема да бидат викани во тимот.

– Николас ќе преземе голема одговорност во одбраната, очекуваме повеќе од него, мора да ја организира одбраната и да има главна улога. Истото важи и за Антонио Рудигер, вели Јоаким Лев

Треба да знаете
Последни објави