Search

Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Илинден.

Од Центарот за кризи информираат дека од 8.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Водоча и Мите Богоевски број 2 во општина Аеродром, од 8.30 до 13.30 часот дел од улиците Јустинијан Први и Речиште после училиштето во село Драчево, како и дел од улицата Студеничанска во општина Кисела Вода.

Без струја утре од 8.30 до 15.30 часот ќе бидат и корисниците од село Кадино, фирмите Амајлија, Метал Амајлија, Гранд Кадино, Интергрос и дел од село Марино во Општина Илинден.

Треба да знаете
Последни објави