Search

Почина манекенка која учествувала во секс-забавите на Берлускони, има сомнежи дека е убиена

Смртта на мароканската манекенка Имане Фадил (33) која била редовен гостин на приватните забави организирани од поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, е предмет на истрага како можно убиство, изјавиле судски извори, а пренесе Би-би-си.

Имане Фадил починала во болница во Милано на 1 март, еден месец откако била примена таму бидејќи се пожалила на болки во стомакот.

Тогаш на своите блиски и на нејзиниот адвокат им рекла дека била отруена.

Во 2012 година, Имане сведочела на судењето на Берлускони, обвинет дека плаќал малолетни проститутки за сексуални услуги.

Поранешниот италијански премиер најпрво беше осуден, но подоцна ослободен од обвинението. Потоа беше осуден за даночно затајување па мораше да врши општествено корисна работа.

Миланскиот главен обвинител, Франческо Греко, рече дека во медицинската документација на Имане Фадил има низа неправилности.

„Лекарите не дијагностицирале сериозна болест со која би можела да се објасни нејзината смрт“, рече тој.

Италијанските весници објавија дека Фадил пишувала книга за нејзините животни искуства, а судиите кои работат на истрагата за нејзината смрт добиле копија од овие необјавени текстови.

Репутацијата на Берлускони е сериозно оштетена по наводите дека во неговата вила се организирале таканаречни „бунга-бунга“ забави.

Треба да знаете
Последни објави