Search

И Канада ги забрани летовите со „боинг 737 макс“

Канада денеска се придружи на земјите кои ги забранија летовите на авионите „боинг 737 макс“ по несреќата на „Етиопијан ерлајнс“ што се случи во неделата, а во која загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, меѓу кои 18 канадски државјани.

„Оваа безбедносна одлука ги ограничува комерцијалните летови со ‘боинг 737-8 макс’ и ‘боинг 737-9 макс’ на кој било авио-оператор, домашен и странски“, изјави министерот за транспорт Марк Гарнеу.

Ова се однесува на сите полетувања, слетувања или премини низ канадскиот воздушен простор на овие модели на „Боинг“.

Според министерот, податоците покажале сличности во падот на авионот во Етиопија и падот на истиот модел на авион на 27 октомври лани на компанијата „Лајон ер“ во Џакарта при што загинаа 189 луѓе.

И двата авиона се урнаа набргу по полетувањето.

Треба да знаете
Последни објави