Search

Уапсен дилер на кокаин

Дилер на кокаин од селото Глажња, општина Липково, бил уапсен вчера откако полицијата во неговиот дом запленила 130 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција поднесе  кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Полицијата извршила претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња, општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.

При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово.

Уапсениот во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Треба да знаете
Последни објави