Search

Трамп предложи рекорден буџет од 4,7 билиони долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп предложи рекорден буџет од 4,7 билиони долари за претстојната буџетска година.

Агенцијата АП наведува дека предлогот кој шефот на Белата куќа го изнел синоќа, предвидува нагло намалување на домашните трошоци, поголемо финансирање на Пентагон, како и 8,6 милијарди долари за ѕидот на границата со Мексико, што го осмисли Трамп.

Се наведува дека лидерите на демократите веднаш го отфрлиле планираниот буџет.Но, според проценката на АП, се најавува уште една жестока борба, само неколку недели по таа што доведе до делумна блокада на федералната влада, која траеше 35 дена.Тоа беше најдолгата блокада на федералната влада во историјата на САД.

Ројтерс оценува дека буџетот на Трамп ,,најверојатно дека ќе умре” во Конгресот, но ќе живее во неговата кампања за реизбор во 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави