Search

Облачно време со врнежи од дожд и снег и силен северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата над околу 500 метри надморска височина со врнежи од снег. Претпладнево повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне ќе се задржат главно на југот од земјава. Ќе биде и ветровито со силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 километри на час. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно и ветровито, претпладне со повремен дожд. Ќе дува силен северен ветер. Температурата ќе биде околу 5 степени.

Утре ќе има преодна стабилизација со пониски утрински температури, а во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд. Од петок ќе биде стабилно, за време на викендот сончево и значително потопло.

Треба да знаете
Последни објави