Search

Заев ќе претседава со следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ

Владата на денешната 125-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за Петнаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу државава и Европската Унија, со Нацрт-платформа за настап на македонската делегација.

Петнаесеттиот состанок на Советот за СА ќе се одржи на 19 март годинава во Брисел, а со оглед на ротирачкото претседателство со советот, со годинешниот состанок е предвидено да претседава премиерот Зоран Заев, а копретседавач од страната на ЕУ ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, информираат од владината прес-служба.

Во делегацијата на земјава учество ќе земе и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а од страна на делегацијата на Европската Унија на овој состанок ќе учествува и Комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан.

Треба да знаете
Последни објави