Search

Во боингот во Етиопија загинале три генерации од канадско семејство

Во неделата во Етиопија се урна авион „боинг 737“ на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ на лет кон главниот град на Кенија, Најроби.

Во несреќата загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Причината за падот сè уште не е позната.

Меѓу патниците биле 32 луѓе од Кенија, 18 од Канада, девет од Етиопија, девет од Велика Британија, по осум од Италија, Кина и САД и седум од Франција.

Меѓу 18-те Канаѓани, исто така, било и шестчленото семејство Диксит-Ваидја, пишува „Гардијан“. Три генерации од ова семејство патувале на одмор во Кенија.

Триесет и седумгодишната Коша Ваидја била родена во Кенија и решила да го посети својот роден град по многу години.

Таа патувала со нејзиниот сопруг, 45-годишниот Прерит Диксит, малолетните ќерки Ашка и Анушка и родителите, 71-годишниот Панагеш и 63-годишната Хансини.

Мананат Ваидја, член на семејството кој не бил на летот, изјавил дека семејниот одмор во Кенија требало да биде прва посета на неговата сестра на родното место по неколку децении. Мртвите девојчиња имале 14, односно 13 години, а пред инцидентот биле многу возбудени за сафарито на кое требало да одат.

Коша работела во Канадската асоцијација за глуви, како советник за човечки ресурси.

„Многу ќе ни недостасува. Ќе ја паметиме по нејзината интелигенција, професионалност и динамична личност“, изјавила Јулија Думанијан, претседател на здружението.

Семејство живеело во Брамптон во близина на Торонто.

Треба да знаете
Последни објави