Search

Владата ја подготвува македонската економија за состојбите по брегзит

Владата на денешната 125. седница ја разгледа информацијата за влијанието на брегзит на македонската економија и донесе заклучоци со кои го задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, да достават предлог на одлука за воведување  автономни мерки, со условна примена од 30 март годинава.

Исто така, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за економија да достават информација за третманот на македонските стоки при извоз во Обединетото Кралство во случај на „тврд брегзит“ и за изнаоѓање решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло.

Треба да знаете
Последни објави