Search

Бутефлика се повлекува, граѓаните прославуваат на улиците

Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика најави формирање на нова влада и комисија која ќе изработи нов нацрт устав за кој потоа ќе одлучуваат граѓаните.

Откако Бутефлика соопшти дека се откажува од кандидатурата за петти мандат и најави економски и политички реформи, граѓаните излегоа на улиците во главниот град Алжир, но не да протестираат како претходно, туку да слават.

Повеќе стотици луѓе носеа огромно знаме на Алжир, некои дури и скокаа од возбуда, а многу автомобили свиреа во знак на поддршка на најавените промени.

– Нашите протести вродија со плод! Ги победивме приврзаниците на петиот мандат, изјави еден од граѓаните.

Во меѓувреме и премиерот на Алжир, Ахмед Ујахија поднесе оставка, а на негово место именуван е досегашниот министер за внатрешни работи Нуредин Бедуи, кој не е член на тесниот круг соработници на Бутефлика.

Бутефлика, во меѓувреме се сретна со началникот на Генералештабот на алжирската војска.

Илајдници Алжирци денеска протестираа во главниот град Алжир против претседател Бутефлика и покрај неговата одлука да не се бори за нов, петти по ред, претседателски мандат на претстојните избори.

По неколкунеделните протести ширум земјата, 82-годишниот Бутефлика синоќа соопшти дека се одлагаат претседателските избори што беа предвидени за април и најави дека нема да се кандидира за нов мандат.

Демонстрантите на денешниот протест носеа транспаренти против алжирскиот претседател и скандираа „Не за продолжување на мандатот на Бутефлика”.

Бутефлика, кој е претседател на Алжир од 1999 година, во 2013 година имаше мозочен удар и оттогаш само неколку пати се појавил во јавност, а говор нема одржано со години.

Неговите политички ривали тврдат дека нема докази оти Бутефлика е здравствено способен да ја води државата и дека тоа во негово име го прават неговите советници.

Треба да знаете
Последни објави