,,Токму министерот Оливер Спасовски е тој кој што година и половина од кога е министер работи на тоа министерството и полицијата да ги врати во вистинската насока . Ако во минатото полицијата служела за одмазди и закани, за режирани апсења и случаи, за заташкување на кривични дела и за изборни нерегуларности,со што угледот на полицијата беше уништен, а граѓаните ја изгубија довербата во институциите, денес се работи за владеење на правото и функционирањето на правната држава.- рече пратеникот Локвенец
Локвенец истакна дека интерпелацијата за Спасовски е неоснована и е крајно несериозен потег на опозицијата.
,,Денес на неполни две години од доаѓањето на оваа влада се променија многу работи. Денес знамето на НАТО се вее пред македонската влада, денес не се зборува за меѓуетнички конфликти и дестабилизирачки сценарија, туку за глобални безбедности предизвици и справување со нив, зборуваме за успешноста на реформите, а не за злоупотреба на институциите. Сето тоа е напредок, а не уназадување”, заклучи Локвенец.