Турција влезе во рецесија

Tурската економија е во рецесија од крајот на минатата година, покажуваат податоците на државното статистичко биро, објави Би-би-си. Во последото тромесечје од 2018 година турската економија се намалила за 2,4 отсто, а претходно е забележан пад и во третото тромесечје од 1,6 отсто.

Увозот на стоки значително се зголеми и покрај падот на вредноста на турската лира поради трговската војна со САД по серијата политички недоразбирања.Падот на вредноста на домашната валута ја принуди турската централна банка да ги зголеми каматните стапки, што значително ги зголеми кредитите.

Од поголемите кредити се погодени индустриското производство, како и пазарот на недвижности. Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, смета дека најлошото поминало и дека економијата ќе расне до крајот на годината, но експертите од Capital Economics не се согласуваат со тоа.

Треба да знаете
Последни објави