Скопјанка повредена во судир на два автомобили, другиот возач избегал

Скопјанка била тешко повредена откако во автомобилот што го управувала удрил друг автомобил кој потоа избегал од местото, вчера во близина на ХЕЦ „Козјак“. Тешкоповредената Д.Ј. (70) од Скопје била однесена во градската болница.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 10.40 часот на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“ . Автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки што го управувала Д.Ј.(70) се судрил со непознато возило управувано од непознат возач, кој по ударот избегал од местото.

Од ударот „корсата“ удрила во бетонска ограда поради што со тешки повреди се здобила Д.Ј., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница Свети Наум Охридски каде и била укажана лекарска помош.

Полицијата извршила увид и го бара возачот.

Треба да знаете
Последни објави