Search

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ пак измислува, постапката во РЕК Битола била отворена и завршила со електронска аукција

Криминалните тендери за лично богатење и договорите во четири очи беа главна одлика на раководењето на РЕК од страна на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно навикнати на таквата пракса, денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и измислува непостоечки случаи.Не е точно дека за спомената  договорот бил склучен во непосредни разговори, односно во четири очи како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, како што јавно објави и РЕК Битола станува збор за отворена постапка која завршила со електронска аукција кадешто критериум била најниска цена. Истовремено, условите и критериумите за набавка на услуга или стока, не ги пропишува директорот на РЕК Битола, техничката и комисијата за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола.

,,Дополнително, иако неколку пати беше јавно демнатирано дека фирмата СВ инвест нема никаков деловен однос, нема никаква поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да лаже и да ја манипулира јавноста.Тоа само говори во каков очај е западната антинароданата ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одоговорното и домаќинско управување со енергетските ресурси и тоа што од држава зависна од увоз на струја, нашата земја денес продава вишоци на струја и затоа постојано има потреба да лаже и измислува”, се додава во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави