Search

Од утре дожд и заладување

Попладне, почнувајќи од запад и север облачноста ќе се зголемува и вечерта, преку ноќта, како и утре до средината на денот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.

На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.

Треба да знаете
Последни објави