Search

Крамп-Каренбауер одговори на предлозите на Макрон за Европа

Германските конзервативци преку лидерката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, одговорија на предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон за Европа, јави дописникот на МИА.

Германскиот одговор на трибината наменета за „европските граѓани” најверојатно не е оној кој што го очекуваше францускиот претседател, ниту според суштината ниту според формата. Одговорот не го даде Ангела Меркел, туку нејзината наследничка на чело на Демохристијанската унија (ЦДУ), Крамп-Каренбауер, која најверојатно е идната канцеларка на Германија.

Крамп-Каренбауер нагласи дека го дели ставот на францускиот претседател дека Европа мора да дејствува итно против американските и кинеските стратегии, руските напади или закани по начинот на живот и европските вредности.

Но, во нејзиното мислење, средствата за постигнување на оваа цел честопати се разликуваат од оние што ги наведе Макрон. Зајакнувањето на Унијата, смета таа, прво „поминува низ економијата, пред политиката”.

Сите социјални мерки предложени од страна на Макрон се отфрлени од страна на Крамп-Каренбауер, вклучувајќи ја и идејата за европска минимална плата, со која ќе се гарантира еднаква плата за сите европски работници на исто работно место.

Од друга страна, таа ја поддржува идејата за европски буџет посветен на иновациите и го брани „новиот европски стратешки капацитет за технологиите на иднината”.

Исто така, Крамп-Каренбауер се залага за можни реформи на европската регулатива за конкуренција, со цел Европа да дејствува конкурентно во светот против протекционизмот на САД и Кина.

Крамп-Каренбауер ја споделува потребата за одговори на вонредни состојби во Европа, но притоа ја отфрла секоја бројчана цел, спротивно на францускиот предлог, кој повикува на пример двојно намалување на пестицидите во 2025 година и целта да се неутреализира јаглеродот во 2050 година.

Точките на совпаѓање се реални во однос на одбраната.

Крамп-Карренбауер сугерира создавање на заедничко место за ЕУ ​​во Советот за безбедност.

Одговорот на Крамп-Каренбауер  ризикува да превдизвика реакции во Франција. Но, тоа пред се текст на партискиот лидер пред европските избори. Партијата на Макрон на идните европски избори е во коалиција со европските либерали и демократи односно лидерката на ЦДУ ќе седи во друга група во Европскиот парламент.

Канцеларката Ангела Меркел сè уште не се има изјаснето за предлозите на Макрон.

Треба да знаете
Последни објави