Search

Кит Флинт од „Продиџи“ се самоубил со бесење

Кит Флинт, пејачот на „Продиџи“ кој беше најден мртов во неговиот дом, извршил самоубиство со бесење, утврдија полициската истрага и извештајот од судскиот вештак.

 

49-годишниот пејач беше најден без знаци на живот минатиот понеделник во неговиот дом во Есекс. Тој само што се врати од турнејата низ Австралија и соседите рекоа дека го гледале како џогира редовно пред трагичниот настан.

Останатите членови на бендот изминатава недела постојано им се заблагодаруваа на фановите за изразеното сочувство и поддршка во овие тешки мигови.

Помошничката на судскиот вештак соопшти дека смртта на Флинт не се води како сомнителна и дека се чека уште извештајот од токсикологија.

Колегата на Флинт од бендот, Лијам Хаулет, беше виден вчера во Лондон, видно потиштен, за прв пат по објавувањето на трагичната вест.

Хаулет (47) беше прв кој потврди на социјалните мрежи дека Флинт се самоубил.

„Веста е точна, не ми се верува дека ќе го кажам ова, ама нашиот брат Кит си го одзел животот викендов. Шокиран сум, гневен, збунет и скршено ми е срцето. Почивај во мир, брате“, напиша Хаулет .

Флинт, познат по неговиот екстравагантен изглед во 90-тите и енергичните настапи со „Продиџи“, со години се бореше со зависност од алкохол и дроги, како и со депресија.

Треба да знаете
Последни објави