Search

Иванов ги враќа во Собранието законите со Северна Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов вратил закони чиј указ не го потпишал до Собранието во кои името на државата било напишано Република Северна Македонија, дознава телевизија 24 Вести.

Според процедурата, овие закони мнозинството ќе треба повторно да ги изгласа, по што претседателот мора да ги потпише. Иванов претходно одби да го потпише указот за Договорот од Преспа и Законот за јазици иако пратениците го изгласаа по вторпат.

Во исто време, сите официјални документи, печати и логоа, меморандуми, печатените материјали, папки од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов досега немаат сменето име туку се на име претседател на Република Македонија.
Владината одлука за преименување на институциите важи и за институцијата претседател на државата, но таа засега не е спроведена. Всушност, и новите укази што претседателот ги потпиша за унапредување и поставување на нови должности на високи воени старешини беа објавени во Службен весник на Република Северна Македонија, но потпишани од претседателот на Република Македонија.

Претходно, претседателот на државата не го испочитува рокот за промена на името на дигитални записи, логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници согласно договорот од Преспа.

Од кабинетот на претседателот нема коментар за непотпишаните закони и до овој момент нема информација дали планираат промена на името на институцијата, со оглед на фактот што тој не го ратификуваше указот од Преспа, туку во Службен весник беше објавен со фуснота. Како што претходно објави весникот ВЕЧЕР, менувањето на името нема да се случи се додека трае мандатот на претседателот Иванов.

Треба да знаете
Последни објави