Жител од село Октиси физички нападнат во Струга

 Непознато лице од струшкото село Долна Белица вчера во Струга физички нападнало 43 годишен жител на селото Октиси, соопшти СВР Охрид.

Според полицијата, околу 16:30 часот, на улицата „Ѓуро Салај” во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од струшкото село Долна Белица врз О.О. (43) од селото Октиси.

Полициската станица од Струга, како што е наведено, презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, против него ќе поднесе соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави