Search

Две третини од Германците сакаат Меркел да остане канцеларка до 2021 година

Две третини од Германците сакаат канцеларката Ангела Меркел да продолжи да ја води земјата до крајот на нејзиниот мандат до есента 2021 година, покажува анкетата на институтот Force.

Гласачкото тело на сите политички партии во Германија, со исклучок на популистичката Алтернатива за Германија (AfD), би сакало Меркел да остане на власт, покажаа резултатите од анкетата. Само 29 отсто од испитаниците анкетирани од Force за потребите на германските телевизии РТЛ и НТВ сакаат Меркел да поднесе оставка пред истекот на мандатот.

Меркел е германски канцелар веќе 13 години. Таа минатиот октомври поднесе оставка на чело на нејзината Христијанско- демократска унија (ЦДУ), но изрази желба да остане канцеларка додека не ѝ истече мандатот во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави