Search

Дали често се карате со партнерот? Редовните кавги откриваат важен факт за вашиот однос

Карањето со партнерот еднаш неделно помага во одржување на здравиот и продуктивен однос во љубовната врска. Тоа е она во кое веруваат 44 отсто од паровите, покажало едно неодамнешно истражување.

Цивилизираниот облик на кавга ја зголемува шансата партнерите подолго да останат заедно и наспроти малите недоразбирања, бидејќи знаат дека нивната љубов е искрена. Научниците тврдат дека паровите кои многу се расправаат, чувствуваат огромна љубов едни кон други. Постојаното избегнување на конфликт не е најдобриот начин за здрав однос, токму спротивното – ако сте спремни да кажете што ве мачи кога ќе дојде до расправија, тоа значи дека сте спремни да ја ставите вашата љубов на едно повисоко ниво.

Кавгите покажуваат дека се грижите за партнерот и вашата врска бидејќи доколку не е така, би ви било сеедно, а тогаш никој нема потреба од расправии. Квалитетното карање е еден од главните облици на комуникација – тоа помага во зближување на партнерот и во создавање на чувство на интимност и поврзаност. Бројни психолози се сложуваат дека расправањето е една од клучните точки за здрава и среќна врска.

Но, запомнете – кога се расправате со партнерот, не е важно кој ќе победи или изгуби. Поважно е тоа што со секоја расправија ќе научите нешто повеќе еден за друг, но и за себе.

Треба да знаете
Последни објави