Грк за 2 минути го пропуштил авионот во Етиопија, тоа му го спасило животот

Грчки државјанин останал жив благодарение на тоа што задоцнил за летот на „Етиопијан ерлајнс“, кој се урна кратко по полетувањето, при што немаше преживеани патници и членови на екипажот.

Антонис Мавропулос на својот Фејсбук профил објави слика од авионската карта за кобниот лет со текст „10 март е мојот среќен ден“. Во објавата тој посочи дека за летот задоцнил само две минути и дека ги видел последните патници како се качуваат во авионот.

„Задоцнив две минути и сè што можев да направам е да ги гледам последните патници како одат накај авионот. Викнав да ме пуштат, но никој не обрна внимание на тоа. Сега сум среќен затоа што сум жив. Летот го пропуштив зошто не можев на време да го пронајдам својот куфер со алишта“, напишал Мавропулос.

ркот патувал на годишната конференција за Програмата за животна средина на ОН. Еден од вработените на аеродромот го советувал да почека на следниот лет, му се извинил за непријатноста и го однел во едно кафулињата каде требало да почека три часа.

„На качувањето во вториот авион ме пречека полиција. Повторно не ми беше дозволено да се качам. Полицајците ме одведоа во нивните простории на аеродромот. Прво ми рекоа дека сум единствениот патник кој не се качил на летот 302 на ‘Етиопијан ерлајнс’ односно единствениот кој преживеал. Ме прашуваа кој сум и зошто не сум бил на летот за кој имам билет. Мислев дека нешто ме лажат“, напишал на Фејсбук патникот кој имал билет за летот во кој загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Полицијата ги проверила неговите лични податоци и го ставила во посебна просторија. Му било кажано да почека. Тој пребарувал на интернет за да дознае што се случило, а за целата ситуација го информирало неговото семејство и пријателите кои знаеле дека патува тој ден.

епак, слична приказна со грчкиот државјанин има и Ахмед Калид со живеалиште во Дубаи, кој патувал за да го посети своето семејство во Кенија. Тој требало да се качи на кобниот лет на „Етиопијан ерлајнс“.

Летајќи за Најроби од Дубаи, Ахмед требало да смени авион во Адис Абеба, но пристигнал премногу доцна за да може да ја фати посакуваната врска.

Според досегашните информации, загинатите патници во авионот се од 33 различни земји. Некои од нив биле локални патници, но имало и хуманитарни работници, членови на Обединетите нации и владини претставници.

Треба да знаете
Последни објави