(Видео) Арсовски: Фирма поврзувана со Вице Заев доби тендер од 800.000 евра во 4 очи

Фирмата СВ Инвест која беше поврзувана во тесни релации со братот на Зоран Заев, Вице Заев доби тендер во 4 очи со Васко Ковачевски како директор на РЕК Битола од редовите на СДСМ, за ангажирање на помошна механизација за потребите на РЕК Битола во вредност 53 милиони денари, односно над 800.000 евра, пари на граѓаните, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во месец јули РЕК Битола објавила јавен тендер со првични критериуми кој подоцна претрпел поништување во критериумите, односно наместо првично како што се барало телескопски чистач на транспортни ленти со моќност од 80KW и референца од фирмите апликанти, за изработка на целиот тендер, после поништувањето на критериумите, преку истиот предмет на набавка се бара телескопски чистач со моќност од 100KW, односно зголемена е границата и не се бара референца од фирмите кои што треба да бидат носители на тендерот, односно ова поништување на критериумите отвора сомнеж за елиминирање на други потенцијални изведувачи на тендерот и објавување на критериуми кои одговараат единствено на фирмата СВ Инвест. Со ова практично се овозможило СВ Инвест да се јави како носител на тендерот и многу полесно да го добие целиот тендер“, рече Арсовски.

Тој прашува дали со овој потег Васко Ковачевски и СДСМ ја ограничиле конкуренцијата и влијаеле кој да го добие овој огромен тендер, дали со ова Васко Ковачевски влијаел тендерот кој го склучил во 4 очи да го добие фирмата СВ Инвест, практично за која претходно и самиот Васко Ковачевски имаше изјави дека таквата фирма не работи во РЕК Битола?

„Дополнително, претходно во 2017 година фирма која го добила тендерот за истата намена имала цена од 3800 денари за 1 час работа на тој телескопски чистач, додека пак сега, истата фирма која тогаш работела за таа цена, сега им ги изнајмува машините и е подизведувач на СВ Инвест, а СВ Инвест е носител на тендерот и цената која што РЕК Битола ја плаќа на СВ Инвест за истата работа од претходно е 4290 денари за 1 час работа, односно дури 500 денари повеќе“, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави