Бутефлика се откажа од кандидатурата за претседател на Алжир

Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика ги одложи претседателските избори во земјата и соопшти дека нема да се кандидира за петти мандат по ред.

По 20 години на власт, Бутефлика изјави дека техничкото раководство ќе организира нови избори, а тој нема да се кандидира.

Бутефлика во 2013 година доживеа шлог и ретко се појавуваше во јавност. Во последните неколку недели се одржаа масовни протести во Алжир со барање тој да не се кандидира за уште еден мандат.

Треба да знаете
Последни објави