Косата му е заштитен знак, но момчето модел сака да биде свој

Фарук Џејмс е седумгодишно момче кое сака видеоигри, танц, фудбал, рагби и моделство. Единственото необично нешто на него е неговата афро долга коса. Мама Бони, која се грижи за неговата кариера на модел, ја средува косата на Фарук неколку пати на ден, трошејќи половина шише регенератор за едно расчешлување. Но, тоа не ѝ е тешко бидејќи благодарение на постарите деца кои се исто така од мешан брак, таа има искуство со таква коса. Единственото нешто што ѝ пречи е што на луѓето сѐ уште им е чудно да видат момче со толку долга коса, но Фарук не дозволува да му ја скратат косата.

Како што растеле и Фарук и косата, се разбира, таа почнала да се спушта надолу, па момчето почнало да ја губи работата во моделството и на неговата мајка ѝ рекле дека мора да му ја потстриже косата, ако сака Фарук да има работа во модната индустрија, бидејќи тој „премногу наликува на девојче“.

Но, за среќа има компании кои Фарук го сакаат токму таков каков што е, кои бараат токму таков изглед, така што денес тој работи за нив, но во исто време испраќа порака до сите дека не треба да се менуваме, бидејќи тоа од нас го бара општеството, и дека е во ред да се биде различен. Бони се грижи за кариерата на Фарук, па ги избира само оние снимања каде што имаат разбирање дека тој е дете, така што не ги организира во текот на неделата.

Фарук веќе заработи огромна сума пари, а Бони вели дека ги става во неговиот фонд за школување за да може еден ден тој самиот да одлучи што ќе прави и како тие пари можат да му помогнат. Тој сè уште не е сигурен дали сака да биде фудбалер, модел или банкар.

„Ние не се обидуваме да заработиме многу пари со моделство или нешто слично, поентата на оваа работа е во тоа што му го збогатува животот, се запознава со различни луѓе, одиме на патувања и тој се сретнува со други деца кои се занимаваат со истата работа. Фарук е дете кое ќе даде сè за да им помогне на другите, и што е најважно, тој не сака да биде совршен или да се стреми кон нешто што не е. Тој навистина ужива во тоа што е“, заклучува мајката.

Треба да знаете
Последни објави