Search

Во Лондон затворен Вестминистер мостот поради сомнително возило

Британската полиција денеска го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило.

Портпаролот на полицијата изјави дека припадници на безбедносните сили на лице место го проверуваат возилото во близина на реката Темза, во Викторија ембенкмент и оти локалните улици се затворени за сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави