Search

Училиште во Брвеница изградено преку проектот МСИП

Министерот за финансии Драган Тевдовски и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар денеска ќе го посетат новото училиште во село Гургурница во општина Брвеница изградено преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП.

Проектот го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија. Вкупната инвестиција за изградба на новото училиште во Гургурница е 46 милиони денари и ќе го посетуваат околу 200 ученици.

Преку Проектот за подобрување на општински услуги се инвестира во капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините. Покрај училишта, се финансира и изградба на градинки, водоводна мрежа, локални улици, канализации, општински згради и други капитални проекти.

На денешниот настан е најавено присуство и на министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот за финансии Ширет Елези, Беким Имери од Канцеларијата на Светска банка и градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити.

Треба да знаете
Последни објави