Search

Сончево со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Треба да знаете
Последни објави