Search

Сливник во вештачко езеро „проголта“ патка, луѓето се интересираат за нејзината судбина

Eзерото Берис е најголемото езеро во областа Напа во Калифорнија, а браната Монтичело Дам создаде вештачко езеро во планините Вака.

Езерото се протега на 80 квадратни километри и е долго околу 25 километри, а она што го карактеризира е големата дупка наречена „глори хол“ која е апсолутна атракција за посетителите.

Вештачката дупка под која се наоѓа резервоар е голем предизвик за птиците што живеат на езерото, а на своја кожа суровоста на овој сливник ја почувствува и една патка.

Рик Фолвер забележал една птица која силните струи започнале да ја влечат кон сливникот, па започнал да снима. Видеото наскоро привлече големо внимание на интернет, каде имаше многу коментари во врска со тоа дали птицата би можела да преживее во ваква ситуација и за негативното влијание на вештачката акумулација врз дивиот свет.

Треба да знаете
Последни објави