Search

Саудиска Арабија се пофали дека открила огромни резерви гас во Црвеното Море

Министерот за енергија на Саудиска Арабија, Калид ал-Фалих, објави дека откриле големи резерви од природен гас во Црвеното Море близу саудиското крајбрежје и разговараше за потенцијални енергетски проекти во странство, пренесува РТ.

Ал-Фалих информираше дека саудиското државно енергетско претпријатие Арамко, најголемата енергетска компанија во светот, го открила гасот во четвртокот.

Арамко минатата година потпиша договор со Шел за пробив на пазарот на природен гас, со цел економијата на кралството да стане помалку зависна од цените на нафтата. Инвестирањето во гасниот сектор, наводно, е дел од планот на престолонаследникот Мохамед бин Салман за диверзификација на економијата на кралството.

Арамко размислува за проекти во Русија, Австралија, Америка и во Африка за да започне глобален бизнис со течната форма на горивото.

„Гасот е голем пазар и сакаме да бидеме еден од најголемите играчи. Има побарувачка за инвестирање во природниот гас и ЛНГ”, вели Амин Насер, извршен директор на државната нафтена компанија.

Ал-Калид, исто така, разговарал за целта на Арамко да инвестира во петрохемиски проект во Јужна Африка, заедно со потенцијалните проекти за ЛНГ во САД.

Треба да знаете
Последни објави