Search

Претседателот на Европската федерација на ветеринари Рафаел Лагуенс во Скопје

 Претседателот на Европската федерација на ветеринари (ФВЕ), Рафаел Лагуенс денеска и утре ќе престојува во работна посета на Ветеринарна комора на Република Северна Македонија.

Освен состаноци со претставниците на Ветеринарната комора на кој ке се разменат информации, мислења и искуства за актуелниот момент во кој се наоѓа ветеринарната професија во нашата земја, Лагуенс ќе ги посети Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и ќе оствари средби со челните луѓе на тие институции.

ФВЕ е единствена ветеринарна асоцијација составена од ветеринарните комори на 39 европски земји. Нејзината примарна мисија е да се залага за подобрување на здравјето и благосостојбата на животните, јавното здравје на населението, заштитата на животната средина и промовирањето на ветеринарната професија.

Федерацијата на ветеринари, исто така, активно учествува во креирањето на европските директиви и прописи од областа на ветеринарното здравство, што е особено значајно за нашата држава која е во процес на пристапување кон ЕУ, а значаен дел од претпристапните преговори се однесуваат на хармонизација на ветеринарно-здравствената легислатива.

Треба да знаете
Последни објави