Search

По три години затвор за Мијалков и Тачи, за Ибраими 4,6 години за „Титаник 2“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на три години затвор за случајот „Титник 2“ на СЈО кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Ова е прва пресуда од четирите активни обвиненија за Мијалков. Тој е обвинет во случаите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, а осомничен е во истрагата за „Империја“.

Обвнитиот лидер на ДПА, Мендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеци, поранешните членови на ДИК, од ДПА Бедредин Ибраими 4 годиини и 6 месеци, а Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска, членовите на ДИК од ВМРО ДПМНЕ добија по 3 години затвор.
-Не може неправдата да биде над правото и никој над законите, никој нема правао да ја узорпира правната држава нити да стоври услови за непочитување на правото. Обвинетите нанесоа штета на буџетот, но и директна шптета на правниот ситем со директна умисла,  а со повреда на правните норми, изјави судијата Огнен Стратев.

Само Мендух Тачи не беше присутен на изрекување на пресудата.

Во „Титаник 2“, за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањето“, обвинети се , и Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле и успеале незаконски да биде поништено гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година. Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелациониот суд ги спаси од кривичен прогон.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Поништувањето на гласањето, според обвинителката Фатиме Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедредин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.

Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.

Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат. Адвокатите од одбраната имаа забелешки и на веродостојноста на аудио доказите, за кои како што посочија, биле незаконски стекнати. Истакнаа и дека обвинението е поднесено од неовластено тужителство, односно е по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО.

Случајот почна во април минатата година, а претставник на државното правобранителство на едно од рочиштата преднајави отштетно побарување во висина од 197.574 денари.

Треба да знаете
Последни објави