Поинаков 8-ми март во општина Бутел

Во административната зграда на Општина Бутел денес се одржа целодневната манифестација: ,,Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми март”.

Градоначалникот Велимир Смилевски во партнерство со невладината организација АЛ-МА од Скопје, реши и оваа година празникот на жената 8-ми март да биде прославен на поинаков начин. Целта е да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.
Во рамките на оваа манифестација, од страна на доктори специјалисти беа прегледани над 100 жени (од администрацијата и други жителки од општината). На жените им беа направени тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта.
Во полната сала на Оштина Бутел се одржа и предавање за самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење на ЕХО прегледите, мамографските прегледи на дојка, ПАП тестовите и друго.

Треба да знаете
Последни објави