Search

Паднал од мотор и тешко се повредил

Скопјанец паднал од мопед и тешко се повредил, вчера во скопската населба Влае.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 18 часот, на булеварот Партизански Одреди, спроти ТЦ Порта Влае. Скопјанецот Б.Л. (61) управувајќи мопед „бенели” изгубил контрола и паднал од мопедот.

Б.Л. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави