Search

Осуден првиот теоррист со европско државјанство: Во престрелка во Брисел убил четири лица

Белгискиот суд го прогласи за виновен францускиот државјанин Мехди Немоуч за „терористички убиства“, односно за убиство на четири лица во Еврејски музеј во Брисел, кои ги извршил во 2014 година откако се вратил од Сирија, соопшти обвинителството.

Казната подоцна ќе биде изречена, а нападот за кој е осуден Мехди, се смета за прв напад на некој исламистички милитант со европско државјанство, кој се вратил од Сирија.

33-годишниот напаѓач, признал дека носел калашников, револвер и муниција слично на онаа која ја употребил во престрелката во музејот. Но неговиот адвокат тврди дека во нападот во кој е убиена една двојка од Израел и двајца вработени во музејот, Мехди не отворил оган кон нив, пренесе белгиската јавна телевизија РТБФ.

Мехди рекол во судот дека е измамен, додека неговиот адвокат тврди дека снимката од пукањето е монтирана, а дека неговиот клиент го измамиле платени убијци, испратени да убијат двајца агенти од израелски Мосад. Овие тврдења го налутиле обвинителот на жртвите и на преживеаните.

Лидерот на Европскиот еврејски конгрес, Моше Канотр рекол дека тактиките и употребата на теоријата на адвокатот на обвинетиот е срамна и за осуда

Треба да знаете
Последни објави