Search

На сила внел малолетна познаничка во автомобил па ја ослободил

Жител на скопско Студеничани грабнал малолетничка и ја внел во автомобил, па подоцна ја пуштил, информираше МВР.

Вчера  во СВР Скопје, 43-годишен маж од село Студеничани пријавил дека на 05.03.2019 година околу 14  часот на булевар Кузман Јосифоски-Питу неговата 16 – годишна ќерка била пресретната од А.Р. од село Студеничани.

Таа со кого од претходно се познавала, а тој на сила ја внел во своето возило, но по 40-тина минути ја пуштил да си оди без никаков физички контакт.

Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави