Search

Кралицата Елизабета за првпат објави фотографии на Инстаграм

Инстаграм има нова кралица.Кралицата Елизабета II за првпат објави фотографии на оваа популарна социјална мрежа за да ја одбележи новата изложба во Научниот музеј на Велика Британија.Таа постираше две фотографии од писмо напишано од Charles Babbage ,,првиот светски компјутерски пионер”, за нејзиниот пра-прадедо принцот Алберт во 1842 година, кои што ги видела на изложбата во музејот. Кралицата ги објави фотографиите од нејзиниот ајпад на официјалниот профил на кралското семејство на Инстаграм, кој има 4,6 милиони следбеници.

Кралицата Елизабета, 92, го посети Кенсингтон музејот за да го најави новата изложба, наречена Топ Сикрет: Од шифри до сајбер безбедност, која ја истражува употреба на технологијата во националната безбедност во Британија во текот на изминатите 100 години.

,,Денес, имав задоволството да научам за иницијативите за кодирање на комјутерите за деца, и ми се чинеше соодветно да го објавам овој пост на Инстаграм, во Научниот музеј кој се залага за технологија, иновации и е инспирација за следната генерација на пронаоѓачи”, напиша кралицата. Нејзината објава имаше повеќе од 20.000 ,,лајка” за само два часа.

Треба да знаете
Последни објави