Search

Индијан Велс: Др.Иво испиша историја

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ се пласира во второто коло на турнирот во Индијан Велс. Во два тај-брејка тој го победи Мет Ебден и стана највозрасниот тенисер што се пласирал во второто коло на турнир од мастерс серијата.

40-годишниот Карловиќ, во свој стил, го победи Ебден. Првиот сет успеа да го однесе во тај-брејк каде на противникот не му даде никаква шанса. Во вториот Ебден имаше предност од брејк, а Карловиќ возврати со ри-брејк, во десеттиот гем, кога неговиот противник сервираше за израмнување на резултатот во сетови.

Зад Карловиќ на оваа листа останаа Џими Конорс, Томи Хас, Радек Штепанек…

Популарниот Др.Иво, во второто коло, за противник ќе го има сонародникот и 11 носител Борна Чориќ.

Треба да знаете
Последни објави