Search

До декарбонизација на општеството преку поголема примена на ОИЕ

 Нашиот потенцијал е сонцето. Вода и ветер немаме толку многу, но не се за потценување. Токму енергијата произведена од ваквите обновливи извори на енергија (ОИЕ) може да го помогне процесот на декарбонизација на нашето општество, порача  Јасминка Димитрова Капац од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) на Конференцијата за декарбонизација со цел поттикнување политички дијалог за чиста, достапна и безбедна енергија во регионот на Западен Балкан што се одржа во Скопје во рамки на проектот „Дијалог за енергетска транзиција на Западен Балкан”.

Процесот на декарбонизација, потенцира, претставува  ослободување на општеството од употреба на фосилните горива преку примена на мерки за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија (ОИЕ). Визијата за декарбонизација предвидува до 2050 година 95 проценти  од производството  на електрична енергија во цела Европа да биде од ОИЕ.

-Западен Балкан го потпира електроенергетскиот систем на застарени термоелектрани на јаглен. Затоа владите на овие земји, вклучувајќи ја и нашата треба да донесат големи одлуки  во  наредната декада за модернизација или замена на 50 отсто од термоелектраните, рече Димитрова Капац.

Посочи дека Владата на Германија најави дека до 2038 година ќе ги замени и исклучи сите термоелектрани, а веќе ги гасат нуклеарните реактори и се најнапред на тоа поле.

-Македонија не заостанува многу во користењето на ОИЕ за производство на електрична енергија. Не сме само ние проблематични, туку се сите во Европа, вклучувајќи ја и Германија во која е најзастапен процентот на ОИЕ. Во моментов во земјава користиме 18 проценти електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија, а таргетот е до 2020 година да користиме 20 проценти. Има договори кои ги зголемија процентите, но големите проценти за примена на ОИЕ не знам кога и како ќе ги достигнеме, изјави Димитрова Капац.

Таа нагласи дека можеби на прв поглед изградбата на ОИЕ чини повеќе, но во подоцнежната експлоатација нема трошоци за гориво.

-Чини и термоелектраната, а јагленот постојано го купуваме покрај тоа колатерална штета е загадувањето на животната средина. ОИЕ како инсталиран киловат час можеби чинат повеќе од инсталиран киловат час кај термоелектраните, но потоа нема никаков трошок за гориво и само се добива чиста и безбедна енергија, посочи Димитрова Капац.

Унгарскиот експерт Ласло Сабо порача дека е неопходно да има висока пенетрација на ОИЕ за долгорочен одржлив развој на енергетскиот систем на Запден Блкан.

-Токму ОИЕ ќе помогнат вашиот енергетски систем да има поодржлив развој и да ја намалите увозната зависност, потенцира Сабо.

Проектот „Дијалог за енергетска транзиција на Западен Балкан” е финансиран од Министерството за одржлив развој и туризам на Република Австрија, а локално го спроведува.

Треба да знаете
Последни објави