Германец осуден на доживотен затвор за труење на колегите

Судот во Германија го осуди 57-годишниот Клаус О на доживотен затвор поради тоа што со години ставал отров во сендвичите на своите колеги.

Мажот неколку години додавал тешки метали во храната во фабриката каде што работел поради што во четвртокот судот го прогласи за виновен за обид за убиство и му ја изрече максималната затворска казна.

Како резултат на отровите во храната, две жртви претпреле сериозно оштетување на бубрезите, а трета жртва е во вегетативна состојба, објави РТЛ.

Клаус О одби да зборува за време на судењето, па мотивот за злосторството останува непознат.

Според затворскиот експерт за ментално здравје, мажот сакал да види како отровот ќе влијае на неговите колеги.

Во јуни минатата година германската полиција рече дека безбедносните камери во фабриката го фатиле Клаус како става прашеста супстанца во ручекот на еден од своите колеги, а подоцна истата супстанца била најдена во неговата торба, по што тој бил притворен.

Испитувањата покажале дека супстанцата е оловен ацетат во доволна количина да предизвика сериозно оштетување на бубрезите.

Во станот на Клаус биле пронајдени жива, олово и кадмиум, врз основа на што полицијата рече дека тој долго време се обидувал да произведе отровни супстанци

Треба да знаете
Последни објави