Search

(Видео) Мајка го заборавила детето на покривот на автомобилот, и така го возела низ град

Ерика Шардфорт, која беше забележана во Перт како вози автомобил со брзина од 97 километри на час, додека нејзиниот син полугол седеше на покривот, остана без возачка дозвола, објави „Мирор”.

Шокираните возачи не можеа да поверуваат кога ја видоа оваа сцена на улица. Таа возеше 18 минути и истакна дека не била свесна дека нејзиниот син полугол се наоѓа на покривот на возилото.

Сведокот рече дека во еден момент момчето (4) изгубило рамнотежа и за малку ќе паднало од покривот поради брзото возење.

На крајот, мајката го запрела возилото и го ставила детето на задното седиште на автомобилот, каде што веќе седеле неговите брат и сестри. Сепак, детето кое било само во долна облека не седело на автостолче. Мајката се појави во судот во Перт, Австралија, каде што објасни дека не знаела дека нејзиниот син е на покривот на автомобилот.

Таа возела без да знае каде се наоѓа нејзиното дете, и сè се случи во јануари.

Нејзиниот адвокат изјави дека била под голем стрес бидејќи се грижи за шест деца на возраст од 5 месеци до 9 години.

Таа доби тримесечна забрана за возење и мора да плати парична казна од 747 евра.

Треба да знаете
Последни објави